Најновиот албум Карелуша му го посветила на Душко: Најемотивни стихови поради кои ќе плачат сите! (ФОТО)

Наскоро...

Поп-дивата Јелена Карлеуша е при крајот на снимање на новиот албум, со кој вели дека „ќе ја погреба целата естрада“!

Сметам дека ова е најдобриот албум во мојата кариера, најсериозен досега, со најмногу песни, со најмногу вложени пари. Мојата публика го заслужи тоа по девет години – рекла Јелена.

Како што тврди изворот за „Свет“, албумот на Јелена наскоро ќе ја здогледа светлината на денот. Наводно би излегол и порано, но поради многубројните настапи на Карлеуша, како и турбулентниот приватен живот, го „забавиле“ негово излегување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Изворот открил дека овој албум ќе биде потполно различен од другите, дека на него ќе се најде и една балада поради која ќе плачат сите. Стиховите на оваа балада, наводно, може да се поврзат со сето она што ѝ се случувало во последните години во приватниот живот.

Со оглед на тоа дека нема издадено песна десет години, многубројните фанови на ЈК се многу нетрпеливи, па постојано вршат притисок на неа, а тоа ја вади од такт пејачката.

Фановите кои притискаат, се закануваат, навредуваат и вознемируваат – не се фанови. Албумот ќе излезе кога ќе биде завршено се’. Немам намера да се објаснувам, ниту да се правдам. Ако јас не давам доволно во оваа професија, не знам кој тоа го прави. Притисокот ме вознемирува и не помага да се забрза процесот. Бидете трпеливи уште малку, бидејќи тоа што пристигнува, ќе бидат подобри од секој и секого – напишала Карлеуша на Инстаграм.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More