На 13 години го запознала преку Интернет, а потоа ја киднапирал и ѝ кажал: „Ова ќе биде тешко за тебе, плачи“

Едвај останала жива

Алиша на 13 години била киднапирана од страна на човек кого го запознала преку Интернет. Ја мачел со денови, едвај се извлекла

Алиша Козакиевиќ пред 14 години била киднапирана од страна на поранешен компјутерски програмер Скот Тајр кој ја чувал во својот дом во Вирџинија. Таа тогаш имала 13 години и била силувана цели четири дена.

Сето тоа се случило една ладна јануарска ноќ, кога Алиша по вечерата со семејството отишла во својата соба на спиење. Но пред да отиде во собата, излегла надвор.

Алиша излегла за да се запознае со дечко со кого се допишувала преку Интернет. Но, излегло дека тоа не е дечко, туку постар човек.

Не се сеќава што точно се случило, освен дека слушнала како некој ѝ го довикува името, па набрзо сфатила дека се нашла во автомобил со непознат човек. Потоа, во автомобилот видела лисици и јажиња, па можела да претпостави што се случува.

„Толку цврсто ја притискаше мојата рака што мислев дека е скршена“, рекла таа.

„Ми велеше: ‘Биди добра. Биди тивка’“.

https://twitter.com/bbcstories/status/706904019424448514?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E706904019424448514%7Ctwgr%5E1e7ee7615d663a5094641319ba57ffdd1b978487%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Flifestyle%2Fzanimljivosti%2F186169%2Fispovest-alise-koju-je-muskarac-oteo-sa-13-godina-i-silovao

Алиша објаснила како дошло до оваа ситуација:

„На Интернет запознав дечко за кого мислев дека е на иста возраст како мене, и нему му се допаѓаа истите работи како и мене. Дење и ноќе слушаше што имав да кажам и ми даваше совети. Беше човек кому можев да му се пожалам и кој ме тешеше цели осум или девет месеци пред да ме киднапира“, објаснила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Kozak (@itsaliciakozak)


Несреќната девојка со денови била мачена и силувана пред да ја спаси полицијата.

„Потоа ме соблече, ме погледна и ми кажа: ‘Ова ќе биде навистина тешко за тебе. Слободно плачи.’ Потоа, ми стави кучешки ремен околу вратот, ме одвлече горе во спалната соба и ме силуваше. Ме врза покрај креветот. Цели четири дена бев силувана, тепана и мачена во таа куќа“, опишува Алиша.

Подоцна киднаперот бил осуден на 19 години и седум месеци затвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spooky Sh*t (@spookyshit_pod)

Таа вели дека денес е среќна што останала жива, па сака со својата приказна да влијае врз другите, за да не се најдат во иста ситуација.

„Последниве години, сајбер-криминалот врз децата нагло е пораснат, бидејќи компјутерите од семејните соби се претворија во мобилни телефони во џебот на секој тинејџер. Изолацијата поради пандемијата, што ги зароби младите луѓе дома пред своите компјутер, само ги влоши работите. Предаторите исто така беа дома и тоа беше рецепт за катастрофа“, вели Алиша.

Таа магистрирала форензичка психологија и го посветила својот живот на едукација на родителите и децата за опасностите што демнат на Интернет.

Била жртва на групно силување, па се прејадувала со цел да се убие: Долго страдала, но денес сите ѝ завидуваат!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.