Мислеле дека го живее сонот, а таа се борела со зависност од дрога и депресија: Била неверојатно убава, но на 42 години си пресудила!

Марго Хемингвеј

Немаат сите приказни среќен крај

Животот на Марго Хемингвеј бил бурен и трагично прекинат, но нејзиниот придонес во модата е неоспорен.

На врвот на нејзината кариера, нејзиниот живот изгледал неверојатно гламурозно. Како внука на Ернест Хемингвеј, била родена во едно од најпознатите американски семејства. Висока, впечатлива убавица што потсетувала на Грејс Кели, Хемингвеј брзо станала една од најбараните моделки во Њујорк.

Била редовна во „Студио 54“, во периодот на процутот на славниот клуб, носела само светки, излегувала со Мик Џегер, Халстон и Лајза Минели.

Го соборила рекордот кога го склопила првиот милионски договор со парфемот „Фаберже“.

Во 1970-тите години, нејзиното лице било насекаде: на насловните страници на „Вог“, во рекламни кампањи, во медиуми. Таа одеднаш станала интернационално популарна, и тоа пред да наполни 21 година. Гледајќи од страна, се чинело како да го живее сонот.

Вистината била далеку покомплицирана. Марго се борела со нарушувања во исхраната, со алкохол и депресија. Иако запознала многу луѓе во суровиот свет на моделството, никогаш не се поврзала целосно џетсетот од којшто била дел. Дури и на врвот од нејзината кариера секогаш се опишувала како проста девојка Ајдахо, наместо како супермодел.

„За мене, станувањето славна личност беше како да сум во срцето на ураганот“, рекла Хемингвеј за магазинот „Пипл“ во 1988 година.

„Одеднаш станав девојка од интернационални насловни страници. Звучи гламурозно, и така беше. Многу се забавував. Но бев и многу наивна кога излегов на сцената. Искрено мислев дека луѓето ме сакаат поради тоа што сум – поради мојата смисла за хумор и добрите особини. Не очекував дека ќе сретнам толку многу професионални пијавици.“

Замките на славата се добро документирани и нејзините искуства разјаснуваат многу прашања што модната индустрија попрво би ги затскрила. Имено, да се биде девојка што предизвикува восхит, не значи дека носи среќа по секоја цена. Дури и големиот успех може да има рок на траење и постојат многу луѓе што сакаат да ја искористат твојата положба за да станат славни.

По двата неуспешни брака, филмска кариера и поминато време на рехабилитација, Марго Хемингвеј трагично починала во 1996 година на само 42 години, така што испила преголема доза на седативи. Така таа станала петтата личност во нејзиното семејство што извршила самоубиство.

Нејзиниот талент пред камерата бил очигледен уште од првиот ден, а нејзината подоцнежна работа со фотографи како Франческо Скавуло, Оливиер Тоскани и Даглас Киркланд, ја прикажува нејзината убавина кога била на врвот на своите способности. Прекрасна, ранлива и способна дури и наједноставната слика да ја исполни со емоции, ликот и делото на Хемингвеј живеат во секоја безвременска фотографија што ја оставила зад себе.

Одбирала контроверзни мажи, идентитетот на таткото на нејзиното дете го шокирал светот: Животната приказна на најхаризматичната манекенка!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.