Брижит Макрон ги носи најпрактичните и најмодерните чизми оваа зима: Тотално се урбани, совршени за секој ден, но и за на работа (ФОТО)

Лесно се комбинираат и даваат модерен печат.

Првата дама на Франција ја започна новата година со работни задачи и ангажмани, па во петокот на 6 јануари се појави во париското предградие Велонтон, каде што посети центар за социјална работа. Брижит Макрон повторно беше брилијантно стилизирана – деловно, но и лежерно во исто време.

Брижит избра одличен сив костум, модерен и елегантен, кој го комплетира со класична бела кошула и богат сив шал, кој ја ублажи строгоста на целата комбинација.

Комплетот се состоеше од тесни панталони со линија и предимензионирано сако, кои оваа Французинка најчесто ги носи и кои визуелно оставаат силен впечаток.

И изборот на обувки на г-ѓа Макрон ни го привлече вниманието – таа се одлучи за висококвалитетни, кафени кожени чизми со ремчиња инспирирани од моторџискиот модел на чизми, но малку постилски и поелегантни. Брижит ни покажа дека и овие чизми, кои обично ги носиме во лежерни пригоди, можат да бидат добро решение за поелегантни и деловни пригоди со фини, моќни парчиња како што се костумите.

Првата дама на Франција и овојпат не отстапи од вообичаената боја – со години ѝ е верна на неутралната палета на бои, а многу ретко прави исклучоци.

Дали ви се допаѓа оваа комбинација?

Uvek odlilno obučena Brižit Makron

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.