(ФОТО) Емина Јаховиќ во издание резервирано за најсмелите вљубенички во модата

ТОП!

Многумина тврдат дека ова е евтино и изгледа кич, но таа го носи на толку префинет начин!

Емина Јаховиќ неодамна позираше во прекрасен костум резервиран само за храбрите жени кои не се плашат да бидат во центарот на вниманието.

Популарната пејачка избра костум со впечатлив леопардест дезен, а и покрај тоа што многумина тврдат дека животинскиот принт остава „евтин“ впечаток и е малку кич, Емина ни докажа дека не мора да биде така.

Таа под долгото сако носеше и секси-парче, кое ја „заскокотка“ фантазијата.

Имено, убавата бринета го комплетира изгледот со заводливо, проѕирно боди од црна тантела, како и со модерни детали – ремен со златна тока и златни алки. Косата ја врза во ниска, залижана пунџа и се одлучи за нежна шминка, совршена за секој ден – усни во боја на кожа и светкава, метална сенка на очните капаци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Смело и интригантно, а сепак елегантно, нели? Дали би носеле ваков костум?

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.