Евровизија итно ја контактира Констракта: Ја известија дека победила, дознајте во која категорија!

Музика

Фото: Принтскрин

Годинешната „Евровизија“ се одржа е во мај во Торино, а победата ја однесе Украина.

Поради ситуацијата во таа земја, следната година натпреварот ќе се одржи од 9 -13 мај во Ливерпул, во Велика Британија, која во Италија го зеде второто место.

Годинешната претставничка на Србија на „Евровизија“ во Торино, Ана Ѓуриќ Констракта, ја известија дека победила во изборот за награда за најдобар текст на престижниот музички натпревар за хитот In corpore sano.

Наградите се доделуваат врз основа на гласовите на следбениците на официјалниот профил на Евровизија, а освен претставничката на Србија, номинирани беа претставници на Италија и Португалија и победниците на натпреварот од Украина.

Констракта привлече големо внимание на натпреварувањето каде што го зеде петтото место, што беше најдобар пласман за Србија уште од 2012 година, кога Жељко Јоксимовиќ беше третопласиран со песната Није лјубав ствар.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.