Сите умираме, само прашање е кога, зошто и како: Доктор открива како да доживеете длабока старост!

Совети за долговечност

Како да доживеете длабока старост, без големи здравствени проблеми, советува доктор Џорџ Д. Лундберг, кој наскоро ќе наполни 90 години

„Како сопруг, татко и дедо, но и новинар, веројатно најмногу се грижам за квалитетот на животот. Како лекар и судски патолог, важно ми е траењето на животот и квалитетот на смртта“, објаснува доктор Џорџ Д. Лундберг.

Тој вели дека е предоцна да одберете да живеете како предците кои не починале од природна смрт на млади или средни години, но и дека постои начин да си го продолжите животниот век.

Доктор Лундберг смета дека никогаш не треба да вдишувате чад од цигари и дека треба да го одржувате индексот на телесна маса во рамките на нормалата.

„Одржувајте го крвниот притисок во рамките на нормалата со или без лекови и одржувајте низок број отчукувања на срцето во мирување и веројатно ќе доживеете длабока старост. Само тоа може да биде доволно за да си го продолжите животот.“

Докторот порачува дека секој од нас навистина може успешно да го контролира квалитетот на својот живот, самото траење на животот и параметрите на умирањето.

Тоа може да биде одлучувачко кај многу поединци и ситуации, а постојат и цврсти докази што ги поткрепуваат повеќето негови тврдења.

Еве што уште треба да правите за да доживеете длабока старост:
  • Не консумирајте шеќер, додаден во домашни или ресторански оброци, во безалкохолни пијалаци, овошни сокови, печива, десерти или преработена храна.
  • Јадете интегрални житарки, вклучувајќи и никулци. Консумирајте листест зеленчук, помалку коренест зеленчук, јаткасти плодови и кикирики, но и зрнесто овошје и внесувајте влакна.
  • Секој ден внесувајте суплементи, магнезиум, а може и витамини К2, Ц и Д.
  • Не грижете се околу консумирањето животински и растителни масти (освен транс-масти), вклучувајќи и млеко, сирење, месо, живина, морски плодови и јајца. Уживајте во овие намирници, но умерено.
  • Имајте два богати оброка дневно, без грицкање помеѓу оброците. Тоа е најдобриот избор ако сакате да го сочувате здравјето и да доживеете длабока старост.
  • Можете да испиете некој алкохолен пијалак, но не пред 17.00 часот или немојте воопшто да пиете.
  • Никогаш немојте да користите природни или синтетички опијати за што било освен за краткотрајно ублажување на силна болка.
9 правила на нутриционист: Ако сакате да доживеете длабока старост, хранете се ВАКА!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.