„Ми велат дека имам огромни гради, но јас сакам да бидат уште поголеми“: За операции дала 33.000 евра, но нема намера да престане

Бизарно

Џезмин Деј од Мелбурн смета дека нејзините моментални гради сè уште не ги задоволуваат стандардите кон кои таа тежнее

Кога била тинејџерка, Џезмин Деј била навредувана поради својот изглед. Врсниците ја исмејувале бидејќи имала вишок килограми, па со текот на годините решила драстично да се промени.

Џезмин Деј, инаку сметководителка од Велика Британија, почнала редовно да вежба, ја сменила исхраната и ја намалила количината на благо. Покрај тоа, потрошила околу 33.000 евра на пластични операции за да го доведе изгледот до совршенство, а најмногу пари вложила во градите.

„Работев во канцеларија од девет до пет како сметководителка, но постојано се борев со депресија поради мојата тежина. Тоа одеше до таа мера што повеќе не наоѓав смисла во животот. И така почнав да си го менувам животот. Почнав да кревам тегови и уживав во тоа“, открила таа.

За три години симнала 27 килограми, а покрај тоа ги зголемила и градите, го подигнала задникот, но како што вели, сè уште не е комплетно задоволна.

Иако досега има достигнато величина близу до седмица, Џезмин смета дека нејзините моментални гради сè уште не ги задоволуваат стандардите кон кои таа тежнее. Од друга страна, суровите коментари на нејзина сметка пристигнуваат секојдневно од сите страни, но таа тврди дека тоа воопшто не ја интересира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jazmyne Day (@jazdaymedia)

„Операциите изискуваат пауза во животот, па така, за сега планирам сè да остане така како што е сега. Но ќе излажам ако кажам дека не би сакала поголеми гради“, истакнува Џезмин која си дала отказ од претходната работа и сега заработува на платформата OnlyFans.

„Моите обожаватели се воодушевени од видеата што сè почесто ги правам. Многу ми е забавно да ги снимам“, додала таа и открила дека месечно заработува околу 26.000 евра како модел на оваа платформа.

„НЕ МОЖАМ ДА ЈА ДВИЖАМ ГОРНАТА УСНА ПОРАДИ ОПЕРАЦИЈАТА! Нејзиното тело е во сè полоша состојба, но старлетата не се откажува: „Ќе се оперирам ДО СМРТ!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.