Мерил Стрип на работ на смртта: Актерката била претепана од страна на криминалци

Едвај закрепнала

Оскаровката Мерил Стрип (71) ja шокира јавноста со изјавата дека двапати била нападната, а еднаш криминалците ја претепале толку многу што се преправала дека е мртва за да запрат.

Ме нападнаа еднаш на улиците во Њујорк. Се правев мртва за да престанат да ме тепаат. Тоа беше како да гледам како моето тело паѓа од височина од 20 метри“, еднаш рече Мерил, која едвај закрепнала по нападот за време на кој беше на работ на смртта.

Сепак, тоа не беше крајот на страшните настани. Една вечер таа беше во друштво на добра пријателка, која им е добро позната на сите.

Личност блиска до мене беше нападната и претепана. Потоа полудев и почнав да го удирам напаѓачот. Шер беше со мене. Го избркавме напаѓачот, тоа беше чудо“, рече Мерил на доделувањето на наградите за истражувачко новинарство.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.