Меган и Хари среќни и вљубени: Војвотката никогаш не била подебела!

Службена посета

Меган и Хари ја почнале својата турнеја низ Африка

Кралскиот пар ја започнал долго најавуваната службена посета на Афрека.

Војводата и војвотката од Сасекс ја почнале својата десетдневна посета на Јужна Африка, патувајќи со својот четиримесечен син Арчи.

Парот бил фотографиран како излегува од авионот, додека војвотката го држела во раце својот син.

Додека дадилката го чувала малиот Арчи во хотелот, Хари и Меган, држејќи се за раце, ги исполнувале своите службени должности.

https://www.instagram.com/p/B2wTx0DHa-b/

Меган носела долг фустан со црно-бел дезен, од брендот Мјамико (од Малавија), додека на нозете имала црни сандали на платформа.

Парот танцувал и ги прегрнувал децата, а сите новинари ја забележале љубовта со која се опсипувале меѓусебно.

https://www.instagram.com/p/B2w0n1ZFSbd/

Ова е првата посета на Меган во Јужна Африка и се очекува од војвотката да одржи говор. Сепак, сите обрнувале големо внимание на стомакот на војвотката кој јасно ѕиркал под фустанот.

Изгледа дека губењето килограми по породувањето не е нејзина опсесија, што жените ширум светот го поддржуваат и ценат.

https://www.instagram.com/p/B2ws9Z2Cm42/

Хари во неколку прилики изјавил дека едвај чека да им ја претстави Јужна Африка на својата сопруга и син.

„Љубовта на војводата од Сасекс кон Африка е добро позната. Тој го посетил овој континент на 13-годишна возраст и повеќе од две децении подоцна, се’ уште го инспирираат и мотивираат луѓето, културата, дивината и заедницата во Африка“, изјавила претставничка на кралскиот пар.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.