Кетрин Зита Џонс сега не морала да го придржува Мајкл Даглас: Еве како прошетал парот на црвениот тепих!

Насмеани!

Славниот актер и неговата 25-години помлада сопруга се појавиле на црвениот тепих во ова издание

Кога во јули холивудските сопружници Кетрин Зита Џонс (49) и Мајкл Даглас (74) се појавиле на роденденската прослава на канадскиот милијардер Лавренс Строл во Италија, сите зборувале за непримерното деколте на актерката која го придржувала сопругот додека чекореле.

Славниот актер тогаш одел отежнато, изгледал загрижено и послабо од вообичаено, па фановите се загрижиле за неговото здравје, со оглед на тоа што во 2010 година се борел со рак на грлото.

Но за разлика од пред два месеца, сега сопружниците се појавиле заедно на 71-то доделување на наградите „еми“ во Лос Анџелес, не тргнувајќи ја насмевката од лицето.

https://www.instagram.com/p/B2weeNcJ6ZB/

Кетрин Зита Џонс на оваа гламурозна свеченост дошла во розов фустан со висок шлиц и долга наметка, додека Мајкл носел елегантен црн костум.

https://www.instagram.com/p/B2xpN8PHn5I/

Инаку, Мајкл на доделувањето на наградите „еми“ беше номиниран за најдобар главен актер во хумористичната серија „Комински метод“, но наградата сепак не му припадна нему.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.