Македонските актери се здружија во кампања против насилството врз жените

Секоја жртва треба да биде заштитена. Секоја жртва треба да биде ислушана. Да не судиме, да бидеме нечија поддршка. Да не дозволуваме повеќе манипулацијата да владее. Да не се всадува стравот во нас. Никој нема право да биде малтретиран. Стоп за насилство! #охрабрисенесисама Од вчера започна новата кампања #охрабрисенесисама против насилство врз жените во која учествуваат актери од Македонија заедно со Кристијан Станковски познат на јавноста како Бомбакис. Софиа Насевска Трифуновска, Тони Михајловски, Емилија Мицеска Трајковиќ, Ивана Павлаковиќ, Филип Трајковиќ, Ненад Нацев, Атанас Атанасовски се само дел од актерите кои излегоа со пораки за да им дадат поддршка на сите жени кои се жртви на насилство, семејно, сексуално, психичко или физичко малтретирање.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.