Мадона се надмина себеси: Ѝ го покажа задникот на целата нација!

Веќе не знае како да привлече внимание

За да спречи скандал, Фелон го соблекол сакото и се обидел да го скрие задникот, но гледајќи ја неговата намера, пејачката одлучила да го направи токму спротивното

Поп-пејачката Мадона синоќа гостувала во ток-шоуто The Tonight Show и повторно успеала сите да ги шокира, вклучувајќи го и водителот Џими Фелон.

Имено, 63-годишната пејачка, откако Фелон ѝ кажал дека таа секогаш е прва во сè и дека секогаш успева да ги изненади луѓето и да им го наруши мирот, таа одлучила уште еднаш да го демонстрира тоа на лице место.

Таа, во разголената облека во која пристигнала на снимањето, легнала на масата на Фелон и ја кренала едната нога. За да спречи скандал, Фелон го соблекол сакото и се обидел да го сокрие задникот на Мадона, но кога ја видела неговата намера, пејачката одлучила да го направи токму спротивното: станала од масата, се свртела со грб кон камерата и ја подигнала сукњата.

Од срам, Фелон си го покрил лицето со сакото, додека на Медона целата ситуација ѝ била крајно смешна.

Секако, снимката веднаш стана тема број 1 на социјалните мрежи, а корисниците се согласни во едно нешто: Мадона веќе не знае како да привлече внимание и дефинитивно не знае да се однесува во согласност со своите години.

Како вие го оценувате ова однесување на Мадона?

Не може да биде полошо од ова: Мадона повторно на столбот на срамот – лицето ѝ е деформирано, а стајлингот катастрофален!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.