Лепа Брена му купи „порше“ на синот, а тој ладен „како шприцер“!

Не сака да го нарекуваат мамин син

Фото: Инстаграм

Лепа Брена одлучи својот првенец Стефан Живојновиќ за 28-от роденден да го поднови со нов автомобил, и тоа со „порше панамера“, кој чини 130.000 евра.

Брена на Стефан, веднаш по укинувањето на вонредната состојба, му купи автомобил. Планираше клучевите од автомобилот да му ги подари вчера, на неговиот роденден, ама не издржа. Пред една недела го паркира ‘поршето’ во дворот на вилата на Бежаниска коса и го викна на ручек Стефан, кој живее во својот стан на Вождовац. Тој ден кај Брена се собра целото семејство. Покрај Брена, Боба и Виктор, кој дојде со девојката Сандра, беа и Филип со Александра, и сите чекаа да дојде славеникот.  Иако очекуваа дека ќе скока од радост, тој беше ладен како шприцер!“, открил извор близок на семејството за „Информер“.

 

 

View this post on Instagram

 

Familija na okupu❤️👍

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Изворот објаснува дека Стефан се труди во јавноста да не биде претставен како мамин и татин син и дека затоа не сака родителите да му купуваат скапи работи.

 

Стефан никогаш не сакаше да зависи од Брена и од Боба, дури и станот си го купи на кредит. Им рекол дека не требало да му подарат нешто толку скапо зашто не сака некој да го прозива дека мама и тато му купуваат сè. Браќата Виктор и Филип едвај го убедија да го прифати подарокот“, раскажува изворот.

 

 

View this post on Instagram

 

#happymonday #odveceridojutra #❤️ 📷: @nemanja_novakovic

A post shared by Stefan Zivojinovic (@stefanzivojinovic) on

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.