Лекарите се бореле за нејзиниот живот, а сега изгледа како бомба: На 4 години станала модел!

Сите ги презирале нејзините родители

Манекенската кариера ја започнала на само четири години, додека првата насловна страница ја красела на шест

Тилан Блондо е француска манекенка, која ја започнала својата кариера многу млада, на само четири години. Меѓутоа, влезот во светот на моделството во најраното детство значело и дека убавата Тилан немала вообичаено детство и дека многу рано морала да научи што значи ред, работа, труд, дисциплина и како се заработуваат пари.

Па така, уште на самиот почеток нејзината кариера за малку ќе била уништена поради случајот со насловната страница за Candeaux на која кога имала 10 години позирала облечена како возрасна девојка во фустан со деколте и високи потпетици.

Многумина се шокирале од овие фотографии и ги обвиниле нејзините родители дека од ќерка им направиле „педофилски сон“, особено кога и нејзината мајка изјавила дека била изненадена од фотографиите кога ги видела, но само затоа што му дале на 10-годишно девојче да носи ѓердан што вреди повеќе од милион долари.

Сепак, Тилан Блондо успеала да ја надмине таа тешка ситуација и да продолжи полека да гради кариера. Последниве години се пишуваше само за нејзините професионални успеси сè до крајот на 2021 година, кога и самата открила дека била во ситуација опасна по живот.

Манекенката објавила фотографии од болница, а потоа признала дека имала неколку операции откако ѝ пукнала циста на јајникот.

„Три месеци подоцна, стомакот повторно почна да ме боли. Сите мислевме дека тоа е поради операцијата. Оваа година бев кај тројца различни гинеколози, бев во повеќе од четири радиолошки центри во Париз и сите ми повторуваа: ‘Не грижи се, сето тоа е само во твојата глава’“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thylane 🦋 (@thylaneblondeau)


Тилан завршила на ургентна по четири дена кога повторно ја уверувале дека сè е во ред и дека ќе има контрола за неколку месеци. Меѓутоа, за среќа, еден од докторите видел огромна циста на јајникот и тој, како што и самата признава, ѝ го спасил животот.

По спорната ситуација, Тилан работела, но помалку, а нејзините јавни појавувања можат да се избројат на прсти. Меѓутоа, се чини дека манекенката конечно е подобра, па папараците првпат од почетокот на сезонава ја фотографирале на плажа со дечко ѝ, диџејот Бенџамин Атал, кој бил со неа и во најтешките мигови и со кого сега е свршена.

Двојката не се одвојувала и цело време се прегрнувале и си разменувале нежности. Тилан на секој чекор предизвикувала восхит, а ретко кој можел да го тргне погледот од убавата манекенка, но се чинело дека таа има очи само за Атал.

Таа, инаку, во последно време е уште поактивна на Инстаграм, каде што редовно добива комплименти на сметка на линијата и изгледот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thylane 🦋 (@thylaneblondeau)

ФОТО: Оваа девојка е официјално прогласена за најубава жена на светот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.