Најпопуларните фризури за есен 2022: Бришат години од лицето, го зголемуваат волуменот, а се стилизираат за миг!

Нови трендови

Секоја жена кога сака да промени нешто кај себе, обично почнува од фризурата. Затоа, дознајте кои ќе бидат најпопуларни оваа есен

Експертите за стилизирање коса издвоиле пет најпопуларни фризури за есен 2022 година, кои ќе ги воодушеват сите дами. Иако сè уште уживаме во убавите летни денови, морето, плажата и сонцето, нема никаква штета да видиме какви актуелности нè очекуваат наредните месеци. Бидете добро информирани и подготвени да заблескате!

Во однос на претходната сезона, фризерите се согласни дека некои трендови ќе продолжат да доминираат, но со промени. Во продолжение погледнете кои пет фризури ќе ја обележат претстојната есен…

1. Степени

Ваквиот начин на потстрижување ќе создаде илузија на потенко лице, како и на подолга коса. Но внимавајте волуменот да го создадете во пониските делови на косата за да изгледа вашето лице складно. Оваа фризура е идеална за права коса, но одлично изгледа и на брановидна.

2. Кркми

Кркмите се вратија на големата врата! Иако изискуваат дополнителна нега, многу дами одлучуваат да ги имаат. Кркмите се одличен начин да ги омекнете острите контури на лицето. Исто така, придонесуваат за постигнување младешки изглед.

3. Локни

Актуелни се секоја сезона, без разлика дали станува збор за летни или зимски месеци, некако се чини дека тие се безвремена фризура. И кратката коса изгледа добро кога ќе се навитка малку, додека со долга можете да експериментирате со различни волумени и бранови.

4. Лоб

Долгиот лоб прави тркалезното лице да изгледа потенки. Најдобро би било да се определите за должина која е десетина сантиметри под вашата брада, до клучната коска, на пример. Совршено им прилега на елегантни дами.

5. Боб

Класичниот боб е идеален за подмладување. Освен тоа, едноставен е за обликување, а можете да го носите на различни начини – препуштете ѝ се на имагинацијата. Одлично изгледа на права, но и на кадрава коса. А супер се вклопува и со кркми!

Фризерот на Џеј Ло откри трик за густа коса: Потребен ви е само еден производ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.