Лана Дел Реј: Музичка сензација која одеднаш ИСЧЕЗНА од сцената, погледнете како изгледа сега (ФОТО)

Се повлече во илегала

Ги избриша профилите на социјалните мрежи и се повлече.

Лана Дел Реј (37) беше вистинска сензација кога се појави на музичката сцена. Дотогаш сите правеа нешто што е веќе видено, а потоа се појави таа – со поинаков изглед, нежен глас, впечатливи мелодии и текстови.

Нејзината меланхолија во гласот и музиката зборуваа за некое минато време, за незаборавен лет кој никогаш повеќе не се случил. На нејзините неколку албуми, оваа талентирана американска кантавторка ни донесе хитови како Summertime sadness, West coast, Young and beautiful, Born to die.

И одеднаш исчезна. Многумина се прашуваат каде е сега и што прави.

Неодамна се појавија слики на кои Лана е во опуштено издание, шетајќи по улица, со кафе во раката. Пејачката е облечена во кратки шорцеви и дуксер, а долгата кафена коса ја имала исплетено во плетенка. Вишокот килограми се јасно видлив, бидејќи се памети нејзината вита фигура која брилијантно ја носеше со својот ретро стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @80slollita

Инаку, вистинското име на музичарката е Елизабет Вулриџ Грант, а родена е на Менхетен, Њујорк. Нејзината музика се занимава со потрага по трагичната љубов, гламурот и поп-културата од 1950-тите и 19 60-тите години. Добитничка е на многу музички награди.

Уште од раната младост имала проблеми со алкохолизмот, а на 14-годишна возраст од нејзините богати родители била испратена на рехабилитација во училиштето „Кент“. Како што еднаш изјави, отсекогаш била преокупирана со мислата за смртта, како и со чувството на аксиозност и отуѓеност:

Кога бев многу млада, ме обземаше фактот дека моите родители, како и сите што ги познавам, ќе умрат еден ден, исто како мене. Имав, така да се каже, филозофски кризи. Бев несреќна некое време. Влегов во многу проблеми. Пиев многу. Тоа беше тежок период во мојот живот, вели пејачката.

Лана извесен период беше активна на социјалните мрежи, но потоа одлучи да ги исклучи своите профили. По тој повод, таа ги известила своите следбеници:

Сакам да ви се заблагодарам од срце, благодарам што продолживте да ме гледате низ музиката. Секогаш е важно да се биде сведок, но важно е и да сведочат само блиски луѓе кои ги познавате и на кои им верувате, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ♥𝐓𝐉♥ (@broxklynbaby)

Засега мислам дека само ќе го стеснам мојот круг и ќе продолжам да развивам некои други вештини и интереси, заврши Лана.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.