Ексцентричниот Џаред Лето основал своја религија: „Да, ова е култ!“ (ФОТО)

Наводно, срцето му е скршено

Вистина или желба да привлече внимание?

Во последно време, многу познати актери и луѓе од шоу-бизнисот не` изненадуваат со нивниот таен живот и бизарно однесување.

Можеби е најмалку шокантно што Џаред Лето (50) одлучи да започне некој култ. Овој талентиран актер е и фронтмен на групата „Триесет секунди до Марс“. Својата фасцинантна моќ на трансформација ја покажа со улогите на Џокер во филмот Suicide squad, убиецот на Џон Ленон во Chapter 27, Паоло Гучи во The House of Gucci, како и улогата на трансродова личност, за која доби оскар, во „Далас Бајерс клуб“.

Покрај тоа, Лето е познат како ексцентричен и склон кон бизарно однесување. За време на снимањето на Suicide squad, тој донесе мртво прасе на проба за „да му помогне да влезе во ликот“. Тој исто така, ѝ оставил глушец во една кутија на колешката Маргот Роби.

Во август 2019 година, фотографиите на Џаред се појавија на Твитер, под хаштагот #MarIsland (OstvroMars). Објавата го прикажува Лето во бела наметка, која потсетува на Исус со долга коса и брада, опкружен главно со жени, слично облечен во бело. Описот гласи: „Да, ова е култ“.

Без разлика дали се работи за желбата за внимание или не, Лето е познат како некој кој ја обожава славата, речиси исто толку колку што е склон кон чудно однесување. По оваа објава, многу приказни почнаа да кружат околу актерот, додека новинарите и обожавателите се обидуваат да разберат што се крие зад кампот, кој бендот го направи на медитеранскиот остров.

Сите почнаа да се прашуваат дали Џаред собрал следбеници на ова место и основал своја религија. Како што стои во понудата за престој на ова место, се нудат истите тетоважи за учесниците, како и часови по јога.

Како што се наведува, Џаред го поминал целото време од почетокот на пандемијата на овој остров, без ТВ и Интернет, а по враќањето во цивилизацијата бил изненаден од ситуацијата. Можноста за основање култ, се чини, не е единственото обвинение против Џаред. Судејќи според извештајот на „Њујорк пост“, Лето, заедно со членовите на неговиот бенд, е склон да кани малолетни девојки на концерт, како и да испраќа пораки до тинејџерки. Познато е и дека многу девојки го обвинија за сексуално вознемирување.

Лето не е прогласен за виновен по ниту едно обвинение, иако со години беше пријавуван заради непријатностите што ги доживувале младите жени со него.

Покрај сето горе наведено, Лето е познат и по врските со актерките Камерон Дијаз и Скарлет Јохансон, кои наводно му го скршиле срцето.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.