Поради раскинувањето мислела дека ќе умре, а сега му посвети песна: Џенифер Лопез преку балада ја опиша љубовта кон Бен Афлек

Љубов долга 20 и кусур години

Пејачката си ја отвори душата.

Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа во август годинава, а популарната пејачка откри како се чувствувала по раскинувањето на нивната врска во 2004 година.

Имено, Џеј Ло неодамна го претстави својот нов албум „Ова сум јас.. Сега“, а за време на гостувањето на една радиостаница откри дека раскинувањето со Бен пред 18 години ѝ било најголемата љубовна пауза во животот.

Кога ја откажавме свадбата, ми го скрши срцето. Се чувствував дека ќе умрам, рекла Џенифер и додала:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Тоа ме скрши, следните 18 години не можев ништо да исправам. Но сега, по 20 години, нашата љубов има среќен крај, кој никогаш не би се случил во Холивуд.

Џенифер и Бен повторно почнаа да се забавуваат минатата година, кога пејачката покажа дијамантски прстен и потврди дека се свршиле. Во август 2022 година, тие се венчаа на гламурозна церемонија, во присуство на семејството и пријателите.

Како што  самата откри, на новиот албум една од баладите со наслов „Драг Бен-втор дел“ ја опишува нивната љубов.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.