„Кога ќе станам од мртвите, светот ќе затрепери“: Сталин ја отворил неговата гробница и клетвата се остварила!

Не простувал ни по својата смрт

Тамерлан бил еден од најголемите војсководци на сите времиња, а бил погребан во неговата престолнина Самарканд. Поради клетвата никој не смеел да му ги допира коските, па мирувал, додека советските научници го разбудил од вечниот сон

Сите сме чуле за проклетството на фараоните, бидејќи наводно дури 22 луѓе што учествувале во отворањето на гробницата на Тутанкамон умреле под чудни околности.

Над саркофагот стоел натписот: „Смрт ќе ги снајде сите оние што го нарушуваат сонот на фараонот“. Времето покажало дека тоа не било баш така, бидејќи археологот Хауард Картер умрел од природна смрт дури 17 години по нарушувањето на вечниот сон на фараонот.

Настан со сличен заплет се случил и во Советскиот сојуз, а главни улоги имале Сталин и познатиот монголски војсководец Тамерлан (познат и како Тимур).

Тамерлан во 1370 година, повикувајќи се на наводното потекло од Џингис Кан, се прогласил за владетел на царството со престолнина во Самарканд (денешен Узбекистан).

Се прославил со походите против Златната хорда (држави воспоставени на териториите на денешна Русија, Украин и Казахстан по распадот на Монголското царство), Индија и Персија, Месопотамија и Анатолија, која ја покорил во 1402 година, по битката кај Ангора.

Умрел додека го предводел походот на Кина, на 17 февруари, 1405 година. Неговото тело било префрлено во Самарканд, каде што бил погребан во џамијата-мавзолеј Гур-Емир.

Освојувачот, познат по неговата суровост, изгледа дека не простувал ни по смртта.

Имено, на 19 јуни 1941 година, советската експедиција на чело со Михајло Герасимов, решила да ја отвори гробницата на Тамерлан. Локалните жители ги предупредувале за ризиците.

Потоа, започнува заплетот. На гробот пишувало: „Кога ќе станам од мртвите, светот ќе затрепери“, а наводно, по отворањето, бил пронајден и друг натпис: „Оној што ќе ми го вознемири гробот, ќе ослободи непријател пострашен од мене“.

Луѓе блиски на Герасимов подоцна тврделе дека оваа приказна е измислена, но земјата навистина се тресела, бидејќи три дена подоцна Германија ги нападнала СССР.

Според приказната, Сталин верувал во проклетството и затоа наредил повторно да се погреба Тамерлан, бидејќи, наводно, неговите посмртни останки претходно биле однесени на фронтот кај Сталинград, за да ги охрабрат муслиманските трупи во Црвената армија.

Тамерлан повторно бил положен во својата гробнца, по исламски обред на 20 декември 1942 година, околу еден месец пред советската победа кај Сталинград на 2 февруари 1943, бидејќи претходно загинале или умреле од глад и од болест повеќе од милион војници и цивили. Тоа значело пресврт во Втората светска војна и промена во односот на силите.

Овој Русин го предвидел коронавирусот уште пред 60 години: Оваа болест е најава за судбински настани во светот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.