Принцезата Шарлот наполни 6 години: Кејт и принц Вилијам споделија неодолива слика!

Сите велат дека е иста како кралицата!

Омилената принцеза на светот го прослави шестиот роденден

Британската принцеза Шарлот, ќерка на принц Вилијам и Кејт Мидлтон, вчера го прослави шестиот роденден.

По тој повод, гордите родители објавија преслатка фотографија од својата миленичка и така, на вообичаениот начин на официјалниот инстаграм-профил, го обележија нејзиниот роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Малата принцеза Шарлот позирала облечена во фустанче со цветен дезен, не симнувајќи ја насмевката од лицето. Преслатката фотографија ја овековечила војвотката од Кембриџ.

Обожавателите на кралското семејство се воодушевија од сликата и сите коментираа на кого личи принцезата. Додека некои пишуваа дека личи на баба ѝ и на покојната принцеза Дајана, други се согласни дека Шарлот најмногу личи на татко ѝ, принцот Вилијам. Но преовладуваат оние што кај принцезата Шарлот ги препознаваат цртите на лицето на нејзината прабаба, кралицата Елизабета Втора.

Во Велика Британија денес е државен празник, а семејството на принцот Вилијам продолжениот викенд најверојатно го минува во својата селска куќа Анмер Хол на имотот Сандрингем во источна Англија, која е во сопственост на кралицата Елизабета.

Најслатките изданија на малата бунтовна принцеза: Шарлот ги наследила убавината и шармот од мајка ѝ, а карактерот од чичко ѝ!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.