Кога била помала, родителите ја криеле зашто била преубава: Фотографиите од младоста на Моника Белучи го докажуваат тоа

Прекрасна

Славната Моника Белучи на 30 септември ќе го прослави 58-от роденден.

Таа се смета за најубавата жена на денешницата и една од најубавите жени во историјата. Физичкиот изглед заедно со талентот ѝ донесе огромна популарност, но тоа исто ѝ го отежнуваше и растењето.

Моника Ана Марија Белучи, како што гласи полното име на славната актерка, е родена во градот Чито ди Кастело во Италија. Откако се прослави, нејзините родители Марија Густинели и Луиџо Белучи открија дека убавината на нивната ќерка привлекува огромно внимание на нивните сограѓани, па кога и да се појавиле негде со неа, им приоѓале голем број луѓе и само прашувале – како ви е толку убава ќерката?

Марија и Луиџо со тек на времето се измориле од таквите прашања, па избегнувале да се појавуваат во јавноста со Моника, односно почнале да ја кријат својата преубава ќерка, како што раскажуваат.

Убавината на Моника Белучи не можеше да остане сокриена, па познатата Италијанка на 15 години зачекорила во светот на манекенството, а во 1989 година се посветила на часовите по глума. Година дена подоцна, таа ја доби првата улога во филмот „Живот со синовите“.

Меѓу нејзините највлијантелни улоги во кариерата, која се’ уште трае, се издвојуваат оние во филмовите „Апартман“, „Матрикс 2“, „Матрикс 3“, „Браќа Грим“, „Спектра“.

Епитетот на светска убавица некои го објаснуваат како комбинација на прекрасното лице и згодното тело, а што мислите вие?

Инаку, Моника Белучи била омажена со италијанскиот фотограф со потекло од Аргентина, Клаудиј Карлос Басо и со францускиот актер Венсан Касел, со кого ги има ќерките Леона и Дева, која е успешна манекенка.

Италијанската актерка беше шест години свршена со италијанскиот актер Никола Фарон.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.