Како пештерски човек: Бен Афлек тотално запустен по раскинувањето на врската (ФОТО)

Што му станало?

Само еден ден откако одекна веста дека најзаљубената холивудска двојка раскинала, папарацио-фотографиите од Бен Афлек (48) го обиколија светот, укажувајќи на фактот дека холивудскиот актер не го поднел толку добро раскинувањето.

Имено, Афлек бил фотографиран пред портата од својот дом додека ја преземал вообичаената нарачка на ледено кафе, а неговите обожаватели можеле да заклучат само дека изгледа уморно, слабо, ненаспиено.

Тука гледаат многу причини за загриженост, бидејќи многу се зборуваше за тоа дека убавата Ана Де Армас (32) му помогнала да се ослободи од зависноста од алкохолот, па сега откако ја нема покрај него, големи се шансите да му се врати на порокот.

 

Фото: Твитер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.