Меган Маркл со „грч во желудникот“ ги исчекува мемоарите на својата полусестра

Не ѝ е лесно со вакво семејство

„Дневникот на сестрата на арогантната принцеза прв дел“ излегува на 1 февруари

Во февруари на полиците во американските книжарници стигнува книгата „Дневникот на сестрата на арогантната принцеза, прв дел“, чиј автор е 56-годишната Саманта Маркл, во јавноста позната како постарата полусестра на Меган Маркл. Како што открија од „Барнс и Нобл“, книгата која ќе излезе на 1 февруари, ќе открие дури 330 страни сè уште неоткриени тајни за семејството Маркл.

Бомбастично најавувани, мемоарите создадоа непријатности кај војвотката од Сасекс, која како што тврди извор близок со неа, „со грч во желудникот“ го чека нивното излегување. Меган наводно е многу вознемирена, што е оправдано, но од друга страна нема намера јавно да покаже дека тоа ѝ пречи.

Како што стои во најавата на книгата, таа треба да открие дека работите не се онакви какви што изгледаат, особено во светот каде што општеството нè дефинира какви сме, како живееме и како гледаме едни на други. Покрај тоа, самата авторка се нашла среде медиумски хаос откако открила скриени тајни за семејството.

Иако двете полусестри последен пат се виделе уште во дамнешната 2008 година, Саманта многу самоуверено зборува за својата сестра, речиси како да се виделе вчера, и доста е критички настроена кога раскажува за нејзиниот карактер,

Дека има намера да пишува книга Саманта Маркл откри уште во април 2018 година, кога врската на нејзината сестра со принцот Хари стана јавна, а минатата година го најави и продолжението.

Фото: Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.