Јана Стојановска го покажа синот Ненад – Цел е на тато

Се роди во 7- месец од бременоста и покажа дека е мал храбар борец

Младата македонска актерка Јана Стојановска во септември првпат се оствари во улогата на мајка, кога на свет го донесе синчето Ненад, а деновиве за прв пат покажа како изгледа и објави негова фотографија на социјалните мрежи.

Инаку, Јана се породи во седмиот месец од бременоста во Романија каде што живее со нејзиниот сопруг, Андрија Бојиќ кој е кошаркар по професија.

Јана на своето синче го даде името Ненад, по нејзиниот починат татко, aктерската легенда Ненад Стојановски.

https://www.instagram.com/p/B6sj2PdH0kS/?igshid=m0iz4622lmjg&fbclid=IwAR1eC6LD6nVvKsxoRKPP8ScWC4pTo78MmgwSQmNAVBv52lP16HSoTRUEx7k

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.