Испливаа шокантни пораки разменети меѓу Деп и Менсон кои се бизарни до сржта

Актерот му дава лекции на музичарот како да се однесува со жената, а последната порака е полна со УЖАС!

На виделина излезе преписката меѓу Џони Деп и Мерлин Менсон од 2016 година, во која музичарот ја споредува неговата тогашна сопруга Линдзи Јузик со Амбер Херд, која во тоа време веќе му била поранешна сопруга на Деп.

 

Ја имам Амбер 2.0 покрај себе“, му напишал Менсон на Деп, жалејќи се дека Линдзи против него поднела забрана за доближување, тврдејќи дека ја „тепал“ и чувал дрога во куќата.

Деп го советувал својот пријател да остане смирен и да не дозволи да го погодат ваквите обвинувања, нагласувајќи дека е важно „да не ѝ го даде она што таа сака да го постигне“, пренесува „Дејли мејл“.

Таа сака да те натера да врескаш, да се налутиш и да го нахраниш нејзиното нарцисоидно однесување. Верувај ми, прочитав многу работи за тоа социопатско однесување… Тешко е, брат мој! Мојата поранешна е проклетиот учебник! Требаше порано да го прочитам“, му напишал холивудскиот актер на својот пријател Менсон.

СМС-пораките беа објавени минатиот викенд, кога беа отпечатени илјадници страници документи поднесени за време на судењето на Џони Деп и Амбер Херд.

Менсон продолжил да му испраќа пораки на Деп обоени со загриженост:

Имам сериозно полициско сценарио во стилот на Амбер со семејството на Линдзи. Јас сум под стрес. Не знам дали се врати, потребен ми азил некаде, затоа што мислам дека полицијата можеби ќе дојде по мене!“

Uprkos problemima, Menson i Lindzi su i dalje zajedno Актерот повторно го советувал „да се држи на дистанца и што помалку да разговара со неа“.

Ова е зезнато. Им рекла дека сум ја претепал и ѝ ја дала на полицијата мојата адреса. Исто така, им кажала дека имам дрога овде. Затоа, подготвен сум да си одам одовде”, напишал музичарот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.