Крем-колач со кикирики: Сладок, но без шеќер!

Се топи в уста!

Уникатно уживање!

Состојки:
ЗА 1 СЛОЈ:
80 г мелен кекс
2 лажици путер

ЗА 2 СЛОЈ:
1 шолја корнфлекс
20 г путер од кикирики 1
80 г чоколадо

ЗА 3 СЛОЈ:
50 г крем-сирење
3 лажици стевија
6 лажици путер од кикирики
250 мл слатка павлака

ЗА ПРЕЛИВ:
150 г чоколадо
125 мл слатка павлака

Приготвување:
Ставете во помал плех или калап алуминиумска фолија.

За првиот слој растопете го путерот на средна температура и додајте го кексот, па добро измешајте, ставете го во калап и ставете го во фрижидер додека го правите следниот слој.

Чоколадото растопете го на пареа, додајте го путерот од кикирики и измешајте, додајте го издробениот корнфлекс, па оваа смеса нанесете ја врз првиот слој и повторно вратете го колачот во фрижидер.

Во сад добро изматете 250 мл слатка павлака. Во друг сад изматете го крем-сирењето, додајте го путерот од кикирики и повторно изматете, полека додајте ја изматената слатка павлака и матете на мала брзина, па додајте го и шеќерот. Зголемете ја брзината и матете околу 5-6 минути додека смесата стане кремаста и густа.

Прелијте врз слоевите и вратете во фрижидер да одмори околу 3 часа.

За преливот загрејте ја слатката павлака и прелијте ја врз искршеното чоколадо. Мешајте да се растопи чоколадото и прелијте го врз преостанатите слоеви.

Посипете со мелени кикирики и ставете во замрзнувач половина час.

Krem kolač sa kikirikijem: Sladak, a bez šećera!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.