„Имав само 15 години кога бев принуден на секс, а на 18 години бев малтретиран“: Метју ја отвори душата за приватниот живот

Злоставуван

Метју Меконахи во својата книга открива како бил малтретиран и како го уценувале на сексуални односи. Не се смета себеси за жртва зашто имал поддршка од најблиските.

Метју Меконахи призна дека на 15 години бил „уценет на секс“, и дека му е благодарен на својот татко за разговоро благодарение на кој сфатил што е здрав сексуален однос, а што не е, и дека тоа што му се случува – не е во ред.

Холивудскиот актер во неодамнешно интервју откри некои изненадувачки детали за своето минато.

Филмскиот убавец, по кој голем број дами воздивнуваат, во своите мемоари „Зелени светла“ пишува за дрогата и за сексуалното малтретирање што го доживеал како тинејџер.

Метју раскажува дека неговите родители го научиле во такви ситуации да биде полн со почитување и што значи прифаќање.

Татко ми ми рече: ‘Ако почувствуваш дека девојката се предомислува, застани. Ми раскажа и додаде дека можеби и самиот ќе почувствувам дека девојката се двоуми и тогаш треба да се повлечам, дури и ако партнерката вели да продолжам, бидејќи сепак подобро е да се застане и да се почека следниот пат, раскажа актерот и продолжи:

Беше во право, се најдов во одредени ситуации во кои знаев кога треба да застанам, вели тој.

Метју за себе вели дека никогаш не се чувствувал како жртва.

Тогаш бев сигурен дека ќе одам во пекол поради сексот пред бракот, денес само се надевам дека тоа нема да се случи, вели актерот.

Актерот открива дека му бил потребен здрав сексуален однос со девојка која ќе му се допадне, што во почетокот било тешко.

Полека научив како е да бидеш интимен и беше убаво, но и спонтано. Со тек на времето не беше толку лошо како на почетокот, раскажува Метју.

Откри и дека на 18 години доживеал малтертирање. Бил онесвестен на задниот дел од комбето, а што точно се случувало – не сакаше многу да раскажува.

Иако доживеал траума, никогаш не одел на терапија, туку укажува дека неговите најблиски многу му помогнале да продолжи по тие лоши настани. Меѓу нив е и сопругата Камила Алвес.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.