Клои Кардашијан го фати најзгодниот Италијанец?: Мишел Морон лудува по неа!

Конечно

Главниот актер на филмот „365 дена“ им ги освои срцата на жените низ целиот свет, а според објавите на социјалните мрежи, го освои срцето и на една од сестрите Кардашијан.

Ријалити-ѕвездата Клои Кардашијан во Милано е фатена во прегратките на главниот актер во филмот „365 дена“, Мишел Морон. Видени се во текот и по ревијата на Dolce & Gabbana, на која дизајнерите и нејзината сестра Ким Кардашијан ја претставија својата нова колекција.

На настанот Клои и Мишел седеа еден покрај друг, блиску до децата на Ким и мајка им Крис Џенер.

Сексапилниот Италијанец на својот профил на Инстаграм објави и фотографија со Клои, снимена веднаш по ревијата. Тој ѝ ја стави раката околу половината и се чинеше дека нешто ѝ шепка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kardashian Clips (@kardashianclips)

Фотографијата стана вирална, како и видеото кои го споделија обожавателите, на кое се гледа дека тие двајца играат на афтер-забавата. Парот така ги започна гласините дека се во љубовна романса.

Да се потсетиме, Клои од неодамна го доби второто дете со поранешниот партнер Тристан Томпсон, кој во неколку наврати ја изневери.

Таа тогаш објасни дека Тристан ја охрабрил да ангажираат сурогат-мајка за второто дете во ноември минатата година. Само недела дена подоцна, се откри дека Тристан чека дете со фитнес-моделот Марели Ничелс, која на почетокот на декември му го роди синот Теа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.