Принцезата Дијана еден месец пред смртта уживала на одмор со децата и саканиот: Фотографиите од јахтата го „кршат“ срцето

Шоу-бизнис

Фотографиите од снимањето на серијата за принцезата Дијана покажуваат како месец дена пред смртта таа уживала со децата и љубовниот партнер на одмор.

Почна снимањето на шестата сезона на популарната серија на Нетфликс „Круна“, па по повод „испливаа“ фотографии од актерите на сетот. Имено, Елизабет Дебички и Калид Абадал ги глумат принцезата Дијана и нејзиниот љубовен партнер Додиј Ал Фајед.

Актерите се снимени додека ја рекреираат сцената од одморот на принцезата на југот во Франција во јули 1997 година. На одморот Дијана ги зела и своите деца, синовите Хари и Вилијам.

Елизабет неодоливо потсетува на принцезата Дијана, па со самото тоа серијата ќе биде уште поверодојстојна во прикажувањето на последните денови од нејзиниот живот.

Сцените се снимени на Мајорка, а тие всушност одморот го поминале во Сен Тропе, уживајќи на јахтата на Доди, Мухамед.

Дијана и Доди само еден месец по овој одмор трагично настрадаа во сообраќајната незгода, која се случи во тунелот во Париз. Ова дополнително ги „подгреа“ сомнежите и теориите за нивната смрт.

Интересните сцени од серијата „Круна“ ќе имаме можност да ги погледнеме следната година, додека оваа година на Нетфликс ќе биде емитувана петтата сезона.

Серијата ќе ги открие најинтересните детали од животот на принцезата Дијана.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.