Има само 32 години, кариера, две деца и неверојатно згодно тело: Се соблекла сред плажа, за инат на сите!

Никој ништо не ѝ може

Има ли позгодна жена од Кендис?

Манекенката Кендис Своунпул (32) секогаш е опколена со папараци, па така и оваа недела тие ја фотографирале на плажа во мексиканскиот град Тулум, без горниот дел од бикинито.

Убавата манекенка била фотографирана во друштво на пријателката Лаис Рибеиро и бразилскиот фотограф Едуардо Бравино, а кога ги забележала камерите, ги покрила градите со дланките.

Тројката снимала кампања за новата линија на најновиот бренд за костими за капење Tropic C, а манекенката уште еднаш потврдила дека самата себеси си е најдобра реклама.

Но кратко откако нејзините топлес-фотографии го заобиколиле светот, Кендис на својот инстаграм-профил покажала уште повеќе и објавила фотографија на која лежи на песочна плажа потполно гола.

Изгледа дека витата убавица нема проблем со самодовербата, а тоа се покажува и на модните писти.

Имено, Кендис со манекенство почнала да се занимава кога имала 15 години, а модниот агент ја забележал на пазар во градот Дурбан, каде што се школувала во интернат. Својата вита линија му ја должи на балетот, со што се занимава од детство, а до денес изградила завидна кариера која сè уште трае.

Кендис е и мајка на синовите Анака и Ариел, а со нивниот татко Херман Николи, кој е исто така манекен, била 14 години во врска, а раскинале во 2017 година, бидејќи наводно премногу се оддалечиле поради работата.

Манекенката Кендис Свонпул во заводливи костими за капење (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.