И тоа го слушнавме: Канје Вест го менува името поради преамбициозна причина

Сите мислат дека се шегува, но тој е мртов сериозен

Фото: Getty Images

Популарниот рапер, моден креатор и сопруг на американската старлета Ким Кардашијан одлучи во својата биографија да запише уште една професија – претседател на САД, а првиот чекор кон тоа е промената на личното име, пренесуваат американските медиуми.

Имено, на Канје Вест многу му пречи провокативниот стил на облекување на неговата сопруга бидејќи планира да се кандидира за претседател на државата, па потребен му е поинаков имиџ на целото семејство.

Неодамна на Фестивалот за иновации во Њијорк, тој изјавил:

Кога ќе се кандидирам за претседател во 2024 година, ние дефинитивно… Јо, зошто се смеете?“, земајќи предвид дека сите присутни почнале гласно да се смеат.

Меѓутоа, Канје е мртов сериозен. По кратката пауза поради смеењето на присутните, раперот продолжил:

Кога ќе се кандидирам за претседател во 2024 година, во оваа земја ќе има толку многу работа што нема да трчам со кандидатурата туку опуштено ќе ја водам кампањата.

Поради своите планови, уметникот размислувца да го смени името во Христијанин Гениј Милијардер Канје Вест. Наводно, неговата цел е луѓето точно да сфатат што значи да си милијардер, а новото име ќе го носи само една година.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.