Наташа Беквалац искрено: „Јас не сум за никого!“
Кој признава, половина му се простува!
Популарната пејачка Наташа Беквалац за време на гостувањето во една ТВ-емисија одлучи да раскаже што мисли за бившиот сопруг и ватерполист Данило Икодиновиќ, како и за неговиот брак со сегашната сопруга.
Не можеме да ги генерализираме работите, не можеме да ги генерализираме ни мажите, секој е различен, секој е поинаков со некоја друга жена, луѓето будат во тебе различни нешта. Еве, Данило ѝ е прекрасен сопруг на сегашната сопруга, имаат преубав брак, ние не бевме еден за друг, што не значи дека тој нема идеален пар“, изјави пејачката, и додаде:
Всушност, за јас не сум за никого, сега откако размислив малку подобро. Сега малку се растажив. Најдобро е да најдеш партнер со проводаџии, да избираше баба ми за мене, немаше да згрешам. Убаво велат бабите, луѓето се избираат според сличности, од добри семејства“, додаде Наташа и предизвика смеење во студиото.
Фото: ATA Images