Хари и Меган уште еднаш ја шокираа јавноста: Дали е возможно да мислеле и на тоа?

Новости од палатата

Фото: Getty Images

Меган Маркл и принц Хари купиле корисничко има за веб-сајт со назив „Лили Дијана“ една недела пред да им се роди ќерката и пред да ја прашаат кралицата Елизабета дали може да ја крстат ќерка им по неа, односно по нејзиниот прекар

Четири дена пред да се роди Лили, во Калифорнија бил регистриран домен LiliDiana.com а на 31 мај уште еден домен LilibetDiana.com.

Кога му се родила ќерка, Хари веднаш ѝ се јавил на баба му, кралицата Елизабета, да ја праша дали смее да го користи нејзиниот прекар како име за својата ќерка.

„Баба му беше првиот член на семејството на кој му се јави веднаш по раѓањето на ќерката“, открил извор близок на семејството.

Имено, двојката ги регистрирала овие два домена и уште неколку споредни, за да не ги заземе некој друг, а ако кралицата не го одобрела користењето на своето име, Хари и Меган поинаку би ја крстиле ќерка им.

Оваа вест одекна во Велика Британија само еден ден откако се очекување враќањето на принцот Хари во татковината. Тој би требало да престојува во куќата што ја дели со принцезата Јуџин, сè до церемонијата за откривањето на споменикот на мајка му Дијана.

На споменатиот настан би требало да се состане со принцот Вилијам, со кого нема разговарано од погребот на принцот Едвард.

Инаку, деновиве се зборува и за големата тужба што ја поднеле Хари и Меган против новинари од Би-Би-Си поради нивните наводи дека не побарале дозвола од кралицата за да го користат нејзиниот прекар.

Првата фотографија од новородената ќерка на Хари и Меган ја доби Кејт Мидлтон – Таа сепак им е најблиска од кралското семејство?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.