Граѓаните постари од 67 години ќе можат да се движат од 5 до 11 часот, а младите од 12 до 21 часот

Проширување на полицискиот час

Владата на вечерашната седница донесе уште една забрана за движење која се однесува на пензионерите и на младите до 18 години.

Премиерот Оливер Спасовски во гостувањето на телевизија 24 кажа дека од утре лицата постари од 67 години ќе смеат да се движат само од 5 часот до 11 часот наутро, додека младите лица до 18 години, од 12 до 21 часот, кога всушност почнува и полицискиот час. Донесена е и одлука полицискиот час наместо до 6 да трае до 5 часот наутро.

Оваа одлука ја донесовме по предлог на Комисијата за заразни болести. Најосетливи во здравствена смисла се постарите од 67 години, а младите се најголемите преносители на вирусот. Тоа го покажуваат искуства од другите земји, но и кај нас. Со оваа мерка во ист момент не можат да бидат групирани едната и другата категорија граѓани. Според епидемиолозите младите имаат многу лесни симптоми, дури не препознаваат дека се носители на вирусот, а многу лесно можат да го пренесат на возрасните лица“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Спасовски кажа дека полицискиот час се намалува до 5 часот поради метежот што денеска настанаа во јавниот превоз во Скопје. Тој кажа дека во наредните денови ќе биде разгледена и мерката за целосно укинување на јавниот превоз.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.