Која е сопругата на новиот премиер на Велика Британија? Ќерка му е на познат милијардер и побогата е од кралот Чарлс

Богата сопруга

Риши Сунак, премиерот на Велика Британија, е во брак со Акшата Мурти, ќерка на еден од најбогатите луѓе во Индија

Риши Сунак од вчера стана лидер на британските конзервативци и премиер на Велика Британија, откако Лиз Трас поднесе оставка по само една недела, а некогашниот премиер Борис Џонсон одлучил да се повлече од трката за прв човек на конзервативната партија.

Негова главна поддршка во борбата за титулата премиер била неговата сопруга Акшата Мурти.

Тие се запознале додека студирале заедно на Универзитетот Стенфорд. Риши во една пригода раскажал за медиумите дека нивната средба била љубов на прв поглед, како и дека ги менувал предметите за време на студирањето за да може да помине повеќе време со својата партнерка.

Двојката се венчала четири години подоцна, поточна во 2009 година, а по тој повод приредиле дводневна прослава во Бангалор. Во 2013 година се преселиле во Велика Британија, а две години подоцна Риши му станал посланик на Ричмонд во Јоркшир.

Инаку, Акшата е ќерка на шестиот најбогат човек во Индија, милијардерот Н. Р. Нарајана Мурти, кој е коосновач на успешната ИТ компанија „Инфосис“. Дури и индискиот „Тајмс“ магазин го има прогласено за еден од најдобрите претприемачи во Индија.

Акшата долги години работела во финансии и маркетинг, но ја напуштила таа област се посветила на својата голема љубов – модниот дизајн. Денес води модна куќа Akshata Designs, а како што има нагласено, профитот не ѝ е важен, бидејќи бизнисот го води од чиста љубов.

Британските медиуми во февруари 2020 година известиле дека двојката наводно поседува најмалку четири имоти, вклучувајќи и луксузна куќа со пет спални соби во Кенсингтон, чија вредност се проценува на околу 7 милиони фунти.

Риши во бракот со Акшата добил две ќерки Кришна и Анушка кои двојката успешно ги држи подалеку од очите на јавноста, а девојчињата немаат ни налози на социјалните мрежи за да биде осигурана нивната безбедност.

Побогата е од кралското семејство

Бројни извештаи покажуваат дека Акшата Мурти е неверојатно богата, а многумина проценуваат дека била побогата и од покојната кралица Елизабета Втора.

Како што се наведува, таа има 0,91% удел во технолошката фирма на нејзиното семејство, која вреди 430 милиони фунти.

Според Блумберговиот индекс на милијардери, нејзиниот вкупен имот изнесува 1,2 милијарди долари, што е околу 1,06 милијарди фунти. Тоа ја прави оваа Индијка побогата од кралското семејство.

Нејзиното семејство исто така има заедничко претприемништво со „Амазон“, кое годишно заработува 900 милиони фунти и акции во фирмата што ја води познатиот готвач Џејми Оливер, како и синџир на брза храна „Вендис“ во Индија.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More