Голема одлука на Меган и принц Хари: Пријателите откриле каква промена планира кралскиот пар!

Селидба на видик?

Војвотката од Сасекс и принц Хари се наоѓаат пред одлука што ќе им го промени животот

Меган Маркл (38) и принц Хари (34) наводно размислуваат за селидба во Америка, пренесуваат светските медиуми.

Изборот на новата локација паднал на Малибу, омиленото место на бројни познати личности, како што е Леонардо Ди Каприо и ѕвездата Ким Кардашијан.

„Меган и Хари бараат тука куќа, слушнав дека се заинтересирани за Малибу. Познавајќи ја Меган и од разговорите со неа, сфатив дека и’ недостига дом. Меган е девојка родена во Лос Анџелес, тука е воспитана, пријателите и’ се тука и многу работи ја врзуваат со Холивуд. Можно е и овде да се живее без стрес и голем публицитет. Лос Анџелес и Калифорнија се големи, лесно може да се побегне со семејството на некои места и да се изолира од сите останати“, изјавил сопственик на едно кафуле во Лос Анџелес и додал дека предноста на животот во Малибу е што луѓето секојдневно гледаат познати личности, но не ги бркаат за фотографирање и не им се мешаат во животот.

Војвотката од Сасекс и принц Хари веќе беа критикувани поради своето големо трошење, вклучувајќи ги и 2,4 милионите фунти за обнова на куќата во Виндзор. Исто така, беа критикувани поради користењето на приватни авиони и јахти, додека другите се грижат за еколошките проблеми.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.