Го изневерила сопругот, па се омажила за неговиот најдобар пријател: А сега дознала дека и тој ја изневерува!

Сè се враќа, сè се плаќа

„Го уништи семејството поради к***и!“

Најпознатата светска фудбалска менаџерка, Ванда Нара (34) го оставила својот сопруг Мауро Икарди.

Италијанските медиуми го најавија тоа минатата недела, наведувајќи ја постапката на Ванда на Инстаграм како доказ дека на бракот му дошол крајот.

Таа објавила стори на кое напишала: „Уште едно семејство што го уништи поради ку**и“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi)

Притоа, многумина забележале дека таа престанала да го следи својот сопруг и клиент Мауро.

Ванда го изневерувала поранешниот сопруг и го оставила поради Мауро

Да се потсетиме, Ванда и Мауро ја започнаа својата врска во 2013 година, во периодот кога Мауро играше во Сампдорија заедно со поранешниот сопруг на Ванда, Макси Лопез. Истиот период додека Икарди бил заедно со него во истиот клуб, му бил пријател на Макси, а тој го доживувал него како помлад брат, но Икарди му ја „украл“ сопругата со која Макси има три сина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi)

Во декември 2013 година следувал развод, за напролет 2014 Мауро и Ванда да се венчаат и оттогаш се во брак и имаат две ќерки. Во меѓувреме, Ванда станала менаџерка на својот сопруг кого го застапувала во преговорите за договорот во периодот додека тој играл во Интер, но и за време на неговиот подоцнежен трансфер во ПСГ.

Многумина му замерија на Мауро поради таа постапка, меѓу кои бил и Меси. Јавна тајна е дека поранешниот играч на Барселона им забранил на избирачите да го повикаат Мауро во репрезентацијата на Аргентина, бидејќи освен што Макси Лопез му е пријател, Меси сметал дека тоа е класичен чин на предавство и дека не може да се прејде преку тоа.

Што точно се случило сега, веројатно ќе дознаеме понатаму…

Еве зошто Бијонсе е кралица на лагите: Заработила од неверството на сопругот, а дебелината ја претставува како пожелна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.