Еве зошто Бијонсе е кралица на лагите: Заработила од неверството на сопругот, а дебелината ја претставува како пожелна!

Вистински манипулатор!

Сè што направила, го направила за голема сума на пари

Бијонсе е пејачка на која сите ѝ се воодушевуваме од неколку причини! Како прво, започна самостојна кариера од бенд, кој постигна неверојатен успех. Потоа, беше во врска со еден човек (Џеј Зи) неколку години, трпеливо го чекаше додека не успеа да го одведе пред олтар. Ги промени стандардите за убавина, покренувајќи ера на „жени со облини“.

На светот му ја претстави романтичната страна на својата љубов и пласираше приказна за совршен брак. Роди девојче на кое му даде уникатно име, забрането со закон, така што Блу Ајви е единственото дете на светот со тоа име.

А потоа, сними албум во кој откри дека Џеј Зи ја изневерува. Паметно заработи од неверството на сопругот. Нејзиниот последен албум достигна неверојатна популарност токму поради тоа што тие песни ја содржат целата вистина за бракот на Бијонсе и Џеј Зи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)


Откако му го прости неверството, од својот сопруг, најпродаваниот музичар, Џеј Зи, направи „потрчко“ кој верно ја следи во секој чекор.

Но тоа не е најлудото нешто! Имено, откако излезе нејзиниот последен албум, Бијонсе се повлече во илегала. Уште пред коронавирусот, можевме да видиме само неколку папарацо-фотографии на кои изгледа полничко и неуредно. Има само по некоја објава на гламурозни фотографии на Инстаграм на кои ја рекламира својата модна линија во соработка со Адидас.

Вишокот килограми го крие со големи јакни и го открива само деколтето. Ако веќе мора да го покаже телото, применува сериозен Фотошоп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Тоа се случи и неодамна кога излезе новата колекција на нејзината модна линија. Бијонсе одлучи да го покаже својот познат задник (кој инаку е осигуран на неколку милиони долари).

На сите портали излезе нејзината фотографија со текст дека конечно можеме да ја видиме Бијонсе и нејзините облини. Но никому не му е јасно како пејачката за само неколку денови успеала да се „стесни“ и да ослаби 15 кг? Барем на сите оние на кои Фотошопот не им е силна страна, бидејќи вистината е дека Бијонсе совршено манипулира со медиумите!

Кели Роуланд: „Не е лесно да се соработува со Бијонсе!”
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.