Го „фатила“ Трамп така што останала бремена: Со неа ја изневерил сопругата, ги заборавил трите деца и ѝ дал богатство!

Се шушка

Кој би рекол дека оваа жена има 58 години?! Изгледа неверојатно!

Марла Мејплс е втората сопруга на Доналд Трамп, а периодов се шетка на плажите на Мајами.

Актерката Марла Мејплс ретко ја гледаме во јавност, но втората сопруга на поранешниот американски претседател и претприемач Доналд Трамп деновиве е на плажа на Мајами каде што ја покажала својата одлична фигура.

Мејплс и Трамп се венчале во 1993, два месеца откако пристигнала на свет нивната ќерка Тифани. Нивниот брак не успеал, па по пет години се развеле.

„Не се согласувавме, имавме различни погледи кон светот, а имавме и различна замисла во однос на воспитувањето на нашата ќерка“, изјавила Мејплс пред пет години.

По разводот од Доналд, Марла се преселила во Калифорнија каде што сама се грижела за ќерка ѝ.

„Се занимавав со њу ејџ и со филантропија, за да останам фокусирана на воспитувањето на мојата ќерка. Претходно не ми ни паѓаше на памет дека ќе се грижам за неа сама“, признала таа во интервјуто.

Додала дека Трамп ѝ овозможил на нивната ќерка високо образование и сè што ѝ требало во финансиска смисла, но сè друго правела сама.

Поранешната манекенка и актерка го запознала Доналд Трамп уште во 1985 година на еден тениски турнир, додека тој сè уште бил во брак со Ивана. Токму нивната афера била причината за распадот на бракот на Доналд и Ивана, а американските медиуми будно го следеле развојот на нивната врска.

Трамп признал дека не сакал повторно да се жени, но сè се променило кога Марла останала бремена. Голема прашина кренал и предбрачниот договор што го потпишала, но поранешниот американски претседател рекол дека тоа било неопходно за тој да може мирно да спие. По разводот, Марла не добила толкаво богатство како Ивана, а неколку пати јавно рекла дека ѝ е смешно кога луѓето мислат дека се збогатила поради разводот. Трамп не криел дека бил великодушен кон сопругата во финансиска смисла, но тука прекинале озборувањата. И двајцата продолжиле со својот живот, без да се понижуваат меѓусебно.

На Трамп му се спрема хаос: Со кого ја изневерувал Меланија и какви вулгарни работи им кажувал на жените?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.