На Трамп му се спрема хаос: Со кого ја изневерувал Меланија и какви вулгарни работи им ги кажувал на жените?

Поранешниот ПР ќе открие сè

Стефани Гришам, некогашната портпаролка на Белата куќа и шефица на кабинетот на поранешната прва дама на САД, наскоро ќе објави книга која ќе предизвика тотален хаос

Додека траела претседателската кампања, но и откако станал 45. претседател на САД, Доналд Трамп се соочил со бројни обвинувања за неверство и сексизам. Се чини дека ни откако Трамп излезе од Белата куќа, нема да престанат приказните за неговото непримерно однесување.

Стефани Гришам, некогашна портпаролка на Белата куќа и шефица на кабинетот на поранешната прва дама на Америка Меланија Трамп, наскоро ќе ја објави книгата I’ll Take Your Questions Now, а во неа изнесува бројни непознати детали за поранешниот претседател и неговата сопруга.

Таа, меѓу другото, тврди и дека Доналд Трамп бил опседнат со анонимна жена која работела во неговиот тим за односи со медиуми. Наводно, тој во секој момент морал да знае каде се наоѓа таа и зборувал дека сака да ја гледа одзади и барал да ја доведат во кабината на претседателскиот авион.

Според сето ова, неговата сопруга Меланија била свесна за сè, а откако порно-ѕвездата Сторми Даниелс јавно зборувала за тоа дека имала односи со Трамп во периодот откако Меланија се породила и го донела на свет синот Барон, тогашната прва дама го поддржала во јавноста, но го казнила „зад сцената“.

Гришам пишува и дека тогаш доживеала професионална ноќна мора: Трамп ја викнал за точно да ѝ опише како изгледа неговиот полов орган, со оглед на тоа што Сторми Даниелс тврдела дека неговиот пенис ја потсетил на печурката од Супер Марио и дека не може да се пофали со некоја си должина.

Доналд Трамп наводно врие од гнев поради претстојното објавување на книгата, а за Си-Ен-Ен изјавил дека Гришам е платена од радикална левичарска издавачка куќа за да зборува одвратни и невистинити работи за него.

Не се појавила на неговиот роденден, јасно дава до знаење дека е независна: Што се случува со Меланија Трамп?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.