Не се појавила на неговиот роденден, јасно дава до знаење дека е независна: Што се случува со Меланија Трамп?

Дознајте повеќе

Откако ја напушти Белата куќа, поранешната прва дама стана незапирлива

Откако семејството Трамп ја напушти Белата куќа во јануари, јавноста е љубопитна да дознае што се случува со поранешната прва дама и каде исчезна изминатава пола година.

Озборувањата дека се разведува од Доналд само ги засили фактот што не се појавила ни на прославата на неговиот 75. роденден на 14 јуни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donald Trump Jr. (@donaldjtrumpjr)

Првата дама на Палм Бич

Меланија ги одбегнува јавните појавувања со Трамп откако Џо Бајден го замени на местото на претседател во јануари. Но посетители на нивната недвижнина Мар-а-Лаго на Флорида, ја забележале поранешната манекенка во придружба на синот Барон на ова место. Имено, тогаш сите тројца се појавиле во приватниот клуб, каде што добиле овации и аплауз од страна на обожавателите на Доналд.

Меланија ја отворила и канцеларијата во резортот на Палм Бич, а извештаите сугерираат дека планира да ја продолжи својата иницијатива Be best, која се фокусира на благосостојбата на децата токму во оваа локална заедница.

Госпоѓа независна

Како преостанатите членови на семејството, вклучувајќи ги и Доналд Помладиот и Тифани, и убавата Словенка бара недвижнина надвор од империјата Мар-а-Лаго. Кога семејството било сместено во Њујорк, Меланија имала свој стан одвоен од нивниот пентхаус во Кулата Трамп на Петтата авенија, па фактот што и сега сака приватност, не би требало да зачуди. Меѓутоа, гласините за нејзината потрага по нов дом послужиле да се разгорат шпекулациите за разводот од поранешниот претседател.

Враќање во Големото јаболко

Меланија отсекогаш го сакала гламурозниот живот во Њујорк, а последната забележана појава на поранешната прва дама била токму на улиците во овој град додека ја напуштала Кулата Трамп. Фактот дека овде се нејзината сестра Инес Кнаус, како и родителите Виктор и Амалија Кнаус, кои добиле американско државјанство, упатова на тоа дека поранешната прва дама сепак изгледа ќе остане во Големото јаболко на неодредено време.

Политички извор близок на поранешната претседателска двојка открил дека Меланија е задоволна што поминува време со семејството и дека нејзиниот сопруг нема проблем со тоа, сè додека таа е среќна, не го оптоварува и се појавува на јавни собири кога му е потребна.

Беспрекорен стајлинг за враќање во јавноста: Меланија Трамп сама прошетала низ Њујорк и сите ги воодушевила!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.