Беспрекорен стајлинг за враќање во јавноста: Меланија Трамп сама прошетала низ Њујорк и сите ги воодушевила!

Погледнете

Поранешната прва дама и нејзиниот син Барон го поминуваат летото во Њујорк

Откако во јануари се отсели од Белата куќа, Меланија Трамп исчезна од нишанот на папараците, но и од видеокругот на останатиот свет. Меѓутоа, магазинот „Пипл“ ѝ влегол во трага.

Поранешната прва дама и нејзиниот син Барон го поминуваат летото во Њујорк, открил близок извор.

Причината е практична: Доналд Трамп има некоја работа на Менхетн, па за тоа време, семејството престојува помеѓу кулата на Трамп, облакодер со 58 ката во Петтата авенија, и резиденцијата Бедминстер, Њу Џерси, каде што поседуваат терени за голф.

За разлика од првата жена на Доналд, Ивана, Меланија не го следи секој чекор на својот сопруг. Често патува сама низ Америка, дури и во странство, без голема медиумска помпа, што не ја обожаваше ни додека Трамп беше на чело на државата.

Како што велат информираните извори, нему тоа сосема му одговара, сè додека таа е среќна и задоволна. Па така, овие денови се шета без него и во Њујорк. Како и секогаш, во беспрекорен стајлинг…

Ваква ја немавме видено: Модна утка на неприкосновената кралица на стилот Меланија Трамп (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.