Што носи младата месечина во Девица од 6 септември: Следи голем пресврт, само најхрабрите ќе се впуштат во ова!

Позитивни промени

Оваа млада месечина ќе биде во убав однос со Уран

Тоа ни дава можност работите да ги правиме на нов начин, да ја промениме нашата свест, да бидеме интуитивни и сите да го разбудиме оној мал гениј што живее во нас.

Со оглед на тоа што интуицијата ќе биде многу нагласена, ова е можност да разбудите во себе сосема ново битие, да почнете да се занимавате со работи што не сте ги замислувале ни во најлудите соништа, да го смените вашиот поглед кон светот околу вас.

Ќе излезете од удобната зона, но на луциден и несекојдневен начин, бидејќи тоа ни го носи Уран со млада месечина во Девица. Сите промени што ќе се случуваат со молскавична брзина ќе ви ја разбудат слободата на мислите и вашата реакција ќе ја изненади околината.

Луѓето што ќе ги среќавате ќе бидат сè само не обични луѓе.

Тоа ќе се случува бидејќи енергијата привлекува енергија. Ќе комуницирате на некое повисоко ниво, бидејќи интуицијата ви е нагласена. Умот ќе ви работи како стрела и за миг ќе ја препознавате ситуацијата и ќе донесувате одлука. Луди љубови се на видик. Сега ќе ве привлекуваат потполно поинакви луѓе одошто сте навикнати или сте барале.

Ќе посакувате луда љубов што ги поместува границите. Само најхрабрите ќе се впуштат во овој танц. Таа љубов ќе ги помести границите и ќе го одведе вашиот живот во потполно друга насока. Тоа се љубови што се случуваат во дел од секундата.

Ќе донесете одлука дека тоа е љубовта на вашиот живот и ќе сакате да се венчате на некој далечен остров… Едноставно ќе ги поместувате границите!

На глобално ниво, оваа млада месечина ќе донесе револуционерни промени, луѓето ќе бидат креативни и свои. Ќе имате идеи на претек. За секој поединец сега е време за промени, за вртење нов лист.

Влијанието на оваа млада месечина во Девица ќе се чувствува од 6 до 21 септември. Среќно!

Познат руски нумеролог открива: Ова се најсреќните датуми во септември – овие денови ќе ви се остварат сите желби!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.