Познат руски нумеролог открива: Ова се најсреќните датуми во септември – овие денови ќе ви се остварат сите желби!

Астро-прогноза

Паметно искористете ги овие датуми

Септември ќе биде месец на големи промени и на макотрпна работа на себе за сите знаци во зодијакот. Еве што ќе им донесе првиот есенски месец на сите хороскопски знаци…

Во првата половина од месецот трпеливо ќе ги следиме правилата и прописите, ќе се трудиме да завршиме сè што сме започнале, ќе се занимаваме со поправки во домот, ќе нè изненади приливот на пари од разни места, а ќе научиме и по нешто корисно, како за работата така и за нас лично.

Ќе се обидеме да ја оправдаме довербата на другите, многу ќе ни значи мислењето на околината и угледот што го имаме. Ова особено ќе биде изразено наредниот месец кога многу ќе се трудиме да се истакнеме и да ги поправиме сите претходни грешки што фрлаат дамка на нашето име. Овој труд и работата на себе, навистина ќе се исплатат.

Во втората половина од месецот, многу знаци ќе бидат принудени да тактизираат и да преговараат на работа, што ќе резултира со подобри позиции, финансиски трансакции и подобрени меѓучовечки односи. Ќе се оформат многу нови врски, поранешни противници ќе станат стратешки сојузници.

Истовремено, од 15 до 21 септември, многу знаци ќе се најдат на раскрсница, во неурамнотеженост помеѓу желбата за подобрување на материјалната состојба и неподготвеноста да вложат труд за да им се оствари таа желба.

По 21 септември следи период на хармонија и апсолутна складност како со другите, така и со самите себе. Сепак, постои голема можност тајни желби и страсти да испливаат на површина и да ја нарушат оваа хармонија, иако повеќето знаци нема да се осмелат да ги спроведат тие желби на дело.

Кон средината на септември, многумина не само што темелно ќе го исчистат својот дом, туку и ќе го украсат со некои интересни дизајнерски декорации. Кон крајот на месецот, големо внимание ќе му посветиме на социјалниот аспект, ќе се обидеме да го прошириме кругот на пријатели и да ги обновиме врските.

Поволни денови: од 1 до 6, од 8 до 12, од 14 до 20, од 22 до 28, 30.

Внимавајте на овие денови, ѕвездите нема да ви бидат наклонети: 7, 13, 21, 29.

Најреткиот хороскопски знак! Најмалку луѓе се родени во еден хороскопски знак – дали е можеби твојот?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.