Бегајте од овој знак како ѓавол од крст: Тој е вашиот непријател број 1!

Астролошко тврдење

Близнаците се прегласни и буквално се насекаде, што никако не му одговара на Бикот кој претпочита доследност, стабилност и рутина

ОВЕН

Риби. За пречувствителните и емоционални Риби, вие сте премногу практични и по малку воздржани. Ќе биде потребно многу труд за да успее оваа врска. Нетрпеливи сте и премногу сте зафатени за врска што го бара вашето целосно внимание.

БИК

Близнаци. Близнаците се прегласни и буквално се насекаде. Претпочитате доследност, стабилност и рутина, па тешко ви е да се справите со сеприсутните Близнаци.

БЛИЗНАЦИ

Девица. Како и Биковите, Девиците се практични и обожаваат рутина и приватност. Освен тоа, не зборуваат за своите мисли и чувства, додека вие сте секогаш отворени кон партнерот и сакате сè да споделите со него. Поради тоа, Девиците секогаш ви се чинат премногу тивки и по малку здодевни.

РАК

Јарец. Јарците се по малку дистанцирани личности на кои им е тешко да засакаат некого и да му веруваат. А напротив, вие сте претставник на најгрижливиот, највеликодушниот хороскопски знак. Полни сте со љубов, па ви треба некој што ќе ги возврати вашите силни емоции.

ЛАВ

Терезија. Премногу сте бучни и напорни за урамнотежената и дипломатска Терезија. Вие одите по својот пат и сакате кога нештата се комплицирани, па ви треба хороскопски знак кој е страстен и огнен како вас.

ДЕВИЦА

Стрелец. Накратко, вие сакате мирно да седите, а Стрелецот сака да талка по светот. Вие двајца едвај ќе имате време еден за друг, бидејќи вие постојано работите, а Стрелецот веројатно веќе го планира своето следно патување.

ТЕРЕЗИЈА

Рак. Сакате сè да биде умерено, па поради активностите на Ракот може да се чувствувате непријатно. Постојано ќе се чувствувате дека не правите доволно, па ќе се чувствувате виновни.

СКОРПИЈА

Лав. И покрај фактот што имате многу заеднички работи, почесто се расправате одошто се согласувате. Вие сте самоуверени, харизматични и обожавате внимание, што ве доведува до нездрава конкуренција, бидејќи едниот секогаш се обидува да го надмине другиот.

СТРЕЛЕЦ

Бик. Бикот не го сака вашиот номадски начин на живот. Овие луѓе се перфекционисти, сакаат да прават планови за иднината и живеат во сегашноста. Брзо ќе се изморите од подучувањето на Бикот за тоа како треба да живеете, бидејќи го сакате својот живот и не сакате ништо да менувате во него.

ЈАРЕЦ

Овен. Тешко е било што да договорите со него надвор од работа. Поради мистериозноста на Јарецот и нетрпеливоста на Овенот, тие двајца едноставно не можат нормално да комуницираат. И двајцата сакате поинаку да ги правите работите, па ќе треба постојано да правите компромиси, што е невозможно.

ВОДОЛИЈА

Скорпија. Вашиот бунтовнички дух и отворена личност може да бидат погрешно протолкувани. Скорпиите не можат да простат. За нив многу е важно како изгледаат во јавност, додека вие имате слободен дух и ја прифаќате својата ексцентричност. Не се плашите да им изгледате смешни на другите, а Скорпијата, напротив, многу се грижи за својата репутација.

РИБИ

Водолија. Не можете да бидете во тек со променливите мисли и емоции на Водолијата. Проблемот е што сте и премногу емотивни. Сакате луѓе кои се интересираат за вашите чувства и кои се подготвени да зборуваат за нив. Водолиите понекогаш се губат во сопствените мисли, бидејќи не можат да ве прочитаат, а не можат да се разберат ни себеси.

Куче и мачка се сложуваат подобро од нив: Ова е вашиот најлош непријател во хороскопот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.