Куче и мачка се сложуваат подобро од нив: Ова е вашиот најлош непријател во хороскопот!

Бегајте од нив!

Прочитајте кои хороскопски знаци никако не се сложуваат и од кого треба да се држите подалеку за ваше добро

Постојат луѓе со кои секогаш се разбираме, но има и такви со кои никако не можеме да пронајдеме заеднички јазик, колку и да се обидуваме.

Овен

Најлош непријател: Рак

Овенот е огнен знак и не сложува баш најдобро со водените Ракови. На Овните им треба независност, па се чувствуваат загрозено поради посесивноста на Раковите. Конфликтот помеѓу вжештените глави и чувствителните души во секој момент доаѓа до израз.

Бик

Најлош непријател: Овен

Овие два хороскопски знака се премногу слични по карактер, што доведува до конфликти. Тврдоглавоста и на едните и на другите е толку голема, што конфликтите се неизбежни. Освен тоа, Овните ретко ги признаваат своите грешки, додека Биковите со задоволство ги потсетуваат на нив.

Близнаци

Најлош непријател: Девица

Близнаците обожаваат спонтаност, додека Девиците ја сакаат само својата рутина. Единственото нешто што им е заедничко е комуникативноста.

Рак

Најлош непријател: Стрелец

Раковите се многу чувствителни и посветени. Стрелците понекогаш се и премногу искрени, поради што несвесно можат да ги повредат Раковите. Овие хороскопски знаци не прифаќаат компромиси, а проблемот настанува кога се обидуваат да го променат другиот.

Лав

Најлош непријател: Риби

Лавовите се исклучително горделиви и сакаат да уживаат под светлата на рефлекторите. Рибите се нивна целосна спротивност, одбегнуваат да привлекуваат внимание и главна карактеристика им е сензибилноста. Лавовите ги нервира пасивноста и воздржаноста на Рибите и не се двоумат дали да го искажат своето незадоволство.

Девица

Најлош непријател: Водолија

Девиците секогаш се водат според разумот, а не според срцето и честопати анализираат се’. Од друга страна, Водолиите честопати се нереални и неодговорни, па никако не им одговара пресметливоста на Девиците.

Терезија

Најлош непријател: Скорпија

Терезиите се сложуваат со сите, освен со Скорпиите. Причината е нетрпеливоста и избувливоста на Скорпиите, кои создаваат непотребна драма во животот на Терезиите. Поради тоа брзо стануваат непријатели.

Скорпија

Најлош непријател: Лав

Скорпиите и Лавовите се многу горделиви и имаат силна волја. Но тешко пронаоѓаат заеднички јазик. И едните и другите се однесуваат доминантно и не сакаат да попуштат.

Стрелец

Најлош непријател: Бик

Стрелците си ја сакаат слободата повеќе од што било друго во животот. Бикот од друга страна ја цени стабилноста и оттука произлегува нетрпеливоста помеѓу нив.

Јарец

Најлош непријател: Терезија

Јарците се многу фокусирани на деловниот успех. Од друга страна, на Терезиите поважен им е социјалниот живот. Затоа Јарците ги сметаат Терезиите за незрели и напорни личности.

Водолија

Најлош непријател: Јарец

За креативните и иновативните Водолии, Јарците се големи непријатели. Потполно се разликуваат нивните мислења. И на емоционален план никако не можат да најдат заеднички јазик.

Риби

Најлош непријател: Близнаци

Рибите се премногу чувствителни за да можат да се справат со секогаш директните Близнаци. Нивната енергија знае да ги исплаши Рибите. Дури и кога имаат добра намера, Близнаците со својата наметлива природа прават Рибите да се чувствуваат лошо.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.