Ги заведувала најзгодните мажи, но за една нејзина афера зуел цел Холивуд: Вака живеела Али Мекгроу!

Животот на Али Мекгроу

Али Мекгроу водела интересен љубовен живот, поради што била честа тема во таблоидите, а по двата брака пред 40 години, повеќе не се венчавала

Американската актерка Али Мекгроу (82) влегла во центарот на вниманието на почетокот од 1970-те години, благодарение на филмот „Љубовна приказна“ а за улогата на Џени Кавилери во тој филм добила номинација за „оскар“ и освоила „златен глобус“.

Пред да се испроба пред филмските камери, Али работела во модните магазини „Вог“ и „Харперс Базар“, па некое време била манекенка, но и фотографка. Актерската кариера ја започнала во телевизиски реклами, а на крајот завршила во Холивуд и глумела со популарни имиња, како Стив Меквин.

Своја ѕвезда на холивудската Патека на славните добила оваа година, речиси 50 години откако бил премиерно прикажан филмот „Љубовна приказна“, а долго време ѝ требало да се испроба и на театарските штици. Во Бродвеј се појавила во 2006 година, кога дебитирала во една драма.

Во текот на кариерата, бројни светски магазини ја сместувале меѓу најубавите жени на светот, а многумина се согласуваат дека и денес зрачи со вистинска убавина.

На самите почетоци на кариерата предизвикала големо медиумско внимание кога признала дека абортирала во своите рани 20-ти години, додека тоа сѐ уште било нелегално во САД. По завршувањето на факултетот, Али се венчала за банкарот Робин Хоен по пет години врска, но се развеле по година и пол брак. Во октомври 1969 година се венчала со продуцентот Роберт Еванс, со кого го добила синот Џош.

Двојката се разделила во 1972 година, кога Али се нашла среде прељубнички скандал со колегата Стив Меквин. Тие се венчале во 1973 година, но љубовта им траела четири години. Потоа, никогаш повеќе не се венчавала, но била во врска со Ворен Бити, Рик Данк, Бил Хадсон, Роналд Мејер и бројни други познати мажи.

Во својата автобиографија отворена раскажала за целиот свој живот, па така и за борбата со алкохолизмот и зависноста од секс.

Еден маж ја оставил за помлада, друг починал, а таа нашла утеха во дрогата: Животната приказна на Линда Еванс!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.