Најдобриот рецепт за домашен сомун: Совршено меко и воздушесто тесто, готово за миг!

Вкусно!

Одлично оди со кајмак, ќебапи или пршута!

Состојки:
  • 490 г брашно
  • 22 г квасец
  • 320 мл топла вода
  • 1 лажиче масло
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
Приготвување:

Издробете го квасецот, додајте лажица шеќер, брашно и малку топла вода, па сето тоа промешајте го и оставете го на топло 10 минути.

Во поголем сад ставете го поголемиот дел од брашното, додајте сол и смесата што претходно сте ја направиле. Додајте уште малку топла вода и постепено додавајте го и остатокот од брашното и мешајте. Кога ќе се соедини смесата, префрлете ја на работна површина и месете го тестото околу 7 минути.

Премачкајте стаклена чинија со масло и префрлете го добиеното тесто, завиткајте го во фолија и оставете го да отстои.

Поделете го тестото на 10 дела, расучете ги со сукало и ставете ги во рерна, претходно загреана на 230 степени и печете ги околу 15 минути.

Добар апетит!

Домашен леб со квасец: Мек како сунѓер, ќе ве маѓепса засекогаш!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.