Ги одбегнува камерите цела деценија, ја пропуштил венчавката на сестра му: Каде е братот на сестрите Кардашијан?

Роберт Кардашијан

Братот на сестрите Кардашијан не се појавил на венчавката на Кортни

Минатиот викенд сите очи биле вперени во венчавката на најстарата од сестрите Кардашијан – Кортни. Нејзината венчавка се одржала во Италија, а фотографиите за само неколку часа го преплавиле Интернетот. Оние што го следат животот на најпознатото семејство на светот, забележале дека Роберт Кардашијан не присуствувал ниту на овој среќен настан.

„Ништо лично“, рекол извор близок на Роберт Кардашијан по повод неговото отсуство од венчавката на сестра му Кортни.

Некогашниот дизајнер на чорапи се повлекол од реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ уште во 2013 и оттогаш одбегнува да се експонира во јавност.

Роб со години се бори со вишокот килограми и депресијата, а животот дополнително му го комплицира судењето со некогашната свршеничка Блек Чајна. Со оглед на тоа што долго време живее повлечено, одлучил да ескивира и од посебниот ден на својата најстара сестра. Наместо да замине во Италија, времето го поминал со ќерка му Дрим, но во текот на церемонијата се вклучил преку Фејстајм за да го поздрави семејството и да им посака среќа на младенците.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.